Врнежите со дожд се очекува да продолжат и во текот на денот

Големо невреме со обилни падежи од дожд во Хрватска предизвика голема поплава на улиците во Сплит, пренесуваат хрватските медиуми.
Многу сообраќајници во центарот на Сплит се целосно поплавени, што може да се види и од видеата објавени на социјалните мрежи.
Метеоролошката станица во Сплит регистрирала дури 47 литри врнежи од полноќ па до раните утрински часови, а дождовите се очекува да продолжат и во текот на целиот ден.