Без разлика дали станува збор за брз антигенски или ПЦР-тест, кај двете методи се прибираат секрети од дишните патишта, односно примероци преку брис од нос и/или грло

Во глобалната борба против коронавирусот брзите антигенски тестови имаат главна улога, а нив ги употребуваат и вакцинираните и невакцинираните. Како што стојат работите, се очекува во иднина тестирањето за ковид-19 сѐ повеќе да се практикува на работа на јавен простор, па и во приватно опкружување, што значи дека во даден момент дури и вакцинираните и прележаните ќе мора да покажат негативен тест.
Многумина им веруваат на брзите тестови, кои веќе се користат и за приватна употреба, бидејќи тие можат да помогнат во детектирање на заразата во рана фаза и да го прекинат синџирот на ширење на болеста.
Токму од овие причини многумина се одлучуваат да се тестираат со овие тестови пред да ги посетат најмилите кои се наоѓаат во домови за стари лица, пред да посетат помали приватни прослави или пак сега, пред божиќните семејни прослави и посети.
Научниците од Институтите „Пол Ерлих“ и „Роберт Кох“ направиле испитување на поголем број достапни брзи антигенски тестови и околу 20 отсто од нив не покажале позитивен резултат, дури ниту кај лицата со висока концентрација на вирусот.
Чувствителност на вирусот од 75 отсто
Според објавеното истражување, 26 од 122 прегледани брзи антигенски тестови не ги задоволиле ниту минималните барања за тестирање, а тоа е чувствителност на присутност на вирусот од 75 отсто. Тоа значи дека брзите антигенски тестови мора да бидат ефикасни најмалку во 75 отсто од случаите ако примерокот содржи дефинирана количина на вирусот.

Ct вредноста одредува колку е голема концентрацијата на вирусот кај една личност. Оваа Ct вредност всушност покажува колку често примерокот мора да се репродуцира во лабораторија, додека во него не се открие геномен на коронавирусот. Колку е пониска вредноста, тоа е поголем товарот на вирусот. Ако вредноста на Ct е 25 или дури пониска, тогаш концентрацијата на вирусот е многу висока, со други зборови лицето е многу заразно. Ако вредноста пак се движи од 25 и 30, концентрацијата на вирусот исто така се смета за висока, а ако е помеѓу 30 и 36, тогаш е умерена.
Во 60 отсто од тестовите кои биле предмет на истражување откриени се многу заразни примероци, но секој петти брз тест не бил успешен.
Зошто ПЦР тестовите се подоверливи?
Без разлика дали станува збор за брз антигенски или ПЦР-тест, кај двете методи се прибираат секрети од дишните патишта, односно примероци преку брис од нос и/или грло.
Брзите тестови ги бараат антигените во овие секрети. Меѓутоа, ако некој примерок содржи само мало количество на вирусот, во случај лицето да е на самиот почеток или пак на крај од инфекцијата, тогаш брзите тестови не се најрелеватен фактор.
Ако брзиот тест е позитивен, тогаш веднаш би требало да се направи и ПЦР-тест за со сигурност да се потврди присуството на вирусот.
