Се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации низ партиите и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка Влада која ќе се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза и која без заддршка ќе ги остварува зацртаните стратешки цели на Република Северна Македонија, соопштија попладнево од Владата
Можеме да ви кажеме дека имаме напрадок, следуваат консултации во нашите партии, изјави вечерва лидерот на Алтернатива Африм Гаши по средбата со премиерот Зоран Заев.
„На средбата е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт“,
соопштија од владината прес-служба.
Понатаму се додава дека разговорите продолжуваат водени од аспирациите за европската агенда на државата и од потребата за испраќање јасни пораки кон граѓаните и кон ЕУ за посветеноста во европеизирањето на Северна Македонија, за унапредувањето на економскиот стандард и квалитетот на живот на граѓаните.
„Се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации низ партиите и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка Влада која ќе се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза и која без задршка ќе ги остварува зацртаните стратешки цели на Република Северна Македонија“,
се вели во соопштението.
Четиричасовната средба на Гаши и Заев, што се одржа во Клубот на пратениците, беше продолжение на преговорите за вклучување на Алтернатива во Владата и парламентарното мнозинство.
Попладнево, по пристигнувањето во Клубот на пратеници заедно со Ковачевски, Заев рече дека нема да дава изјави. Гаши, пак, во коментар при пристигнувањето само рече дека не разговараат за кадровски решенија.
Ова е трета средба помеѓу премиерот и лидерот на Алтернатива, која следува само два дена по претходната на која тие постигнаа „начелна согласност околу програмските цели“ во идната владина коалиција во која би влегла и Алтернатива.