Железничкиот сообраќај беше во прекин од 26 овој месец, бидејќи барањето за исплата на вториот дел од октомвриската плата до 25 октомври не беше исполнето
Патничкиот и железничкиот сообраќај од попладнево се вратија во нормала откако на вработените од „Железници“ им е исплатен вториот дел од октомвриската плата што беше причина за неколкудневниот бојкот на синдикатите.
Претседателот на Независниот машински персонал во Железници на РСМ Транспорт, Душко Чакаровски, информираше дека е исполнето барањето за исплата на вториот дел од октомвриската плата, но напоменува дека повторно ќе ја прекинат работата, доколку се продолжи праксата со доцнење на исплатата на платите.
Железничкиот сообраќај беше во прекин од 26 овој месец, бидејќи барањето за исплата на вториот дел од октомвриската плата до 25 октомври не беше исполнето.