Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (29 ноември 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание на емисијата:
-Што значи ставот на партнерите во идната бугарска влада за Северна Македонија дека „се зачувува досегашната позиција и таа конструктивно ќе се надградува“?
-Спроти „Холидеј ин“ се гради, обвинителството тврди дека нема законска основа за времена мерка, антикорупциска се сомнева во намерите на обвинителството; Ќе се спаси ли барем просторот кај „Треска“;
-МВР вети, но не постапи за да се реши апсурдната состојба на Надир Јусуфи кому државата му наплаќа данок за имот на кој има полициска станица;
-Сторија за освојувачот на олимписко сребро кој веќе работи да донесе и злато: Кој е теквондистот Дејан Георгиевски – професионално и приватно;
-„Саботажа“.
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.