Новото издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (26 ноември 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во фокусот вечерва имаме две теми. Првата е поврзана со истрагата за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ во Бугарија во која загинаа 45 лица. За новите сознанија и некои дилеми што се наметнаа досега ќе видите интервју со државниот обвинител Љубомир Јовески.
Вториот сегмент од емисијата е посветен на постизборната состојба во Бугарија, преговорите за формирање влада, тајминзите во тој процес и нивната поврзаност со евентуална деблокада на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија. Дали 14 декември, кога се одржува следниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ, е сè уште достижен термин за такво нешто или надежите веќе спласнаа? На оваа тема разговараме со специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, кој ќе биде во нашето студио и со новинарката на Бугарското национално радио, Тонја Димитрова, која ќе биде на видеоврска од Софија.
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.