Податоците покажуваат дека епидемијата зема замав со 131 731 откриен случај во претходните седум дена, наспроти 73 200 во текот на октомври, кога се сметаше дека е постигнат рекорд
Во Чешка се регистрирани 27 717 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е најголема бројка досега за еден ден, соопшти Министерството за здравство.
Податоците покажуваат дека епидемијата зема замав со 131 731 откриен случај во претходните седум дена, наспроти 73 200 во текот на октомври, кога се сметаше дека е постигнат рекорд.
Денешната бројка е трет рекорд во претходните седум дена.
Во нов обид да се потисне една од највисоките стапки на инфекција во светот, чешката влада нареди кафулињата и баровите да се затвораат во 22 часот и ги забрани божиќните базари.
