На 115-годишнината од излегувањето, белоруските власти го забранија најстариот весник во земјата прогласувајќи го за екстремистички
Белоруските власти пред два дена го забранија најстариот весник во Белорусија, „Наша нива“, сметајќи го за екстремистички.
По барање на Министерството за информации, Окружниот суд во Минск го забрани весникот „Наша нива“ како екстремистички. Според таа одлука, секој што ќе објави или пренесе содржина на весникот „Наша нива“ може да добие затворска казна до седум години.
„Властите продолжуваат да ги уништуваат белоруските независни медиуми, нарекувајќи ги сите екстремисти. Ситуацијата во Белорусија е полоша отколку во Куба или во Иран и се приближува до стандардите на Северна Кореја.“
изјави Андреј Бастунец, шеф на белоруското здружение на новинари.
Претходно, белоруските власти го блокираа онлјан весникот во јули и ги уапсија главниот уредник Јахор Мачинович и новинарот Андреј Скурко, кои сè уште се во притвор.
Вкупно 29 белоруски новинари се во притвор кои или издржуваат казна или чекаат судење, а повеќето од другите новинари на весникот ја напуштија земјата и продолжуваат да објавуваат онлајн, менувајќи ги домените за да избегнат блокирање.