Во текот на ноември земјата се насочи кон укинување на острите мерки за дистанцирање откако до претходниот месец успеа целосно да вакцинира 79,1 отсто од населението
Јужна Кореја постави нов црн рекорд од 4 116 новоинфицирани со ковид-19 на дневно ниво, објавуваат од Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА).
Премиерот на Јужна Кореја, Ким Бу-кјум, ги повика здравствените работници да ги класифицираат пациентите според сериозноста на симптомите и да ги искористат опциите за домашно лекување за пациентите со поблаги симптоми.
„Гледајќи ја само областа Сеул, ситуацијата е доволно критична за да се воведе план за итни случаи во секое време“,
рече премиерот Ким Бу-кјум
Корејската агенција за контрола и превенција на болести извести дека е можно воведување план за итни случаи доколку капацитетите на интензивна нега надминат 75 проценти пополнетост или, во зависност од процената на ризикот, скокот на бројот на нови случаи меѓу повозрасните пациенти и земањето на третата доза од вакцината.
Во текот на ноември земјата се насочи кон укинување на острите мерки за дистанцирање откако до претходниот месец успеа целосно да вакцинира 79,1 отсто од населението.
Јужна Кореја е меѓу првите земји каде што се појави коронавирусот откако беше евидентиран во Кина кон крајот на 2019 година, а оттогаш има забележано 425 065 случаи на инфекција и 3 363 смртни случаи.