По трагедијата во Бугарија во која загинаа 46 лица кои патуваа со македонски автобус, Владата денеска нема да одлучува за новите ковид-мерки кои минатата недела ги предложи Комисијата за заразни болести.
„Информираме дека мерките кои се однесуваат на вакцинација против ковид-19, предлог на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, се одложени за наредната владина седница“,
соопштија од Министерството за здравство.
Рестрикциите кои ги предложи Комисијата се однесуваат на воведување задолжителна вакцинација на здравствените работници, а до нејзино стапување на сила се предлага да се даде рок од 30 дена од денот на донесување.
За вработените во јавниот сектор, пак, се предлага да се воведе задолжителна потврда за: вакцинација; или негативен ПЦР-тест кој ќе важи најмалку 72 часа; или потврда за прележан повик не постава од 45 дена или потврда од специјалист дека не лицето не може да се вакцинира.
Истите мерки, иако не се задолжителни, се препорачува да се применат и во приватниот сектор.
Вчера за мерките дискутираше Главниот кризен штаб, кој не донесе заклучоци и беше најадено дека денеска за нив ќе одлучува Владата.