Погледнете го новото магазинско издание на емисијата ,,360 степени”, емитувано на 22 ноември 2021 г. на ТВ Алсат
Во ова издание на емисијата донесуваме:
– Од „ЕВН електрани“ ангажирале „независни правни експерти од странство за расчистување на случајот“ со преплатените парцели за соларни електрани. Во меѓувреме, скандалот се шири. Откриваме: шемата од Делчево пресликана и во Берово;
– Ако туризмот и ѓубрето се најголеми непријатели, зошто отпад има насекаде на Шара и во Охридско – репортажа;
– Битолски Баир на преминот од една кон друга локална власт – жителите разочарани од претходната градоначалничка, немаат многу надежи ни во новиот. Тој, пак, тврди дека нема да ги заборави;
– Почнува втора фаза од реформата во безбедносно-разузнавачката заедница: ќе се пополнуваат законските дупки и ќе се подобрува функционалноста на критичните институции;
– „Саботажа“.