Нацрт-законот предвидува парична казна од 3 600 евра за оние што ќе одбијат да ја примат првата доза, додека пак казна од 1 500 евра би добиле оние што ќе одбијат да ја примат третата доза од вакцината
Откако австриската влада го прогласи четвртиот национален карантин, кој стапи во сила денеска и најави дека од февруари следната година вакцинацијата ќе биде задолжителна, денеска е најавено дека ќе се воведат и казни за непочитување на новите мерки.
Нацрт-законот кој го подготвува австриското Министерство за здравство предвидува парична казна од 3 600 евра за оние што ќе одбијат да ја примат првата доза од вакцината против ковид-19, додека пак казна од 1 500 евра би добиле оние што ќе одбијат да ја примат третата доза од вакцината.
„Мора да се направи понуда со која граѓаните ќе се наведат на вакцинација. Оној што ќе ја одбие таа понуда ќе мора да плати парична казна“,
изјави министерката надлежна за уставни прашања Каролин Едштадлер.
Министерката потврди дека казните ќе се движат од 1 500 до 3 600 евра, во зависност од тоа која доза на вакцина е одбиена.
„Апсолутно не сме задоволни со стапката на вакцинација“,
изјави Едштадлер.