На локалните избори минатиот месец, Максим Димитриевски победи во трката за градоначалник на Куманово и го доби вториот мандат. За разлика од првиот кога беше кандидат на СДСМ, на овие избори Димитриевски се кандидираше како независен
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „21 Анализа“ на ТВ21 најави дека партијата ќе се обиде да го врати Максим Димитриевски во своите редови.
„СДСМ ќе влезе во постапка во која верувам на база на сите дискусии кои сме ги имале после изборите ќе извлече поуки, ќе донесе многу одлуки. Затоа што сме единствената инклузивна отворена и модерна коалиција во која членуваат и на позиции се и луѓе кои не се партиски членови, а ја добиле честа и одговорноста д асе носат со тие позиции во име на граѓаните. Имајќи го најголемиот коалициски потенцијал и капацитет СДСМ ќе направи се преку сите процеси и промени што ги прави, а СДСМ се променува и победува, и верувам дека и овој предизвик пред кој се наоѓаме ќе го решаваме сите заедно и дека обединети, со многу промени и детектирани слабости и отстранување на истите, ќе биде партија која ќе биде целосно подготвена за следните предизвици“,
рече Николовски.
На дополнително прашање од водителот, „да резимирам, ќе се обидете да го вратите Максим?“, Николовски одговори:
„Ќе се обидеме да направиме сè, да“.
На локалните избори минатиот месец, Максим Димитриевски победи во трката за градоначалник на Куманово и го доби вториот мандат. За разлика од првиот кога беше кандидат на СДСМ, на овие избори Димитриевски се кандидираше како независен и имаше своја советничка листа.