Од починатите, девет се регистрирани во последните 24 часа, а осум се со датум на смрт од 24 октомври до 13 ноември

Во последните 24 часа направени се 3 126 тестирања, а регистрирани се 524 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 215, Битола – 44, Кавадарци – 27, Куманово и Крива Паланка – по 24, Прилеп, Велес и Кочани – по 21, Берово – 15, Делчево – 14, Тетово – 13, Гевгелија – 10, Неготино – 9, Кратово – 8, Штип и Демир Хисар – по 6, Охрид, Радовиш, Виница и Валандово – по 5, Кичево, Ресен и Богданци – по 4, Гостивар и Струга – по 3, Струмица и Пехчево – по 2, Свети Николе, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Регистриран e 565 оздравени пациенти од: Скопје – 245, Прилеп – 43, Битола – 34, Куманово – 32, Кавадараци – 28, Тетово – 26, Штип – 22, Велес – 19, Гевгелија – 16, Кочани – 15, Крива Паланка – 11, Струмица – 8, Гостивар и Пробиштип – по 7, Охрид, Кичево и Ресен – по 6, Дојран – 5, Берово, Делчево и Виница – по 4, Неготино, Струга и Свети Николе – по 3, Кратово и Радовиш – по 2, Валандово, Богданци, Пехчево и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Крива Паланка (67г, 73г, и 81г), 2 лица од Скопје (71г, и 77г) и по едно починато лице од Битола (75г), Кочани (78г), Пробиштип (66г), и Тетово (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 8 починати лица со датум на смрт од 24.10.2021 до 13.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Велес(2), Гевгелија (1), Крива Паланка(1), Кочани (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 66-94г, од кои 5 лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.
Каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209 971, бројот на оздравени пациенти е 194 346, на починати е 7 354, а бројот на активни случаи изнесува 8 271.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 91 737, активни 3 775
- Куманово 12 662, активни 323
- Тетово 11 234, активни 196
- Прилеп 9 898, активни 419
- Битола 8 138, активни 630
- Гостивар 8 045, активни 44
- Велес 7 111, активни 350
- Кавадарци 6 686, активни 344
- Штип 6 431, активни 220
- Охрид 6 296, активни 237
- Струмица 5 981, активни 111
- Кичево 4 190, активни 96
- Струга 3 876, активни 57
- Кочани 3 838, активни 230
- Гевгелија 2 693, активни 142
- Неготино 2 501, активни 86
- Свети Николе 2 072, активни 73
- Крива Паланка 1 816, активни 167
- Радовиш 1 676, активни 79
- Ресен 1 660, активни 90
- Дебар 1 453, активни 3
- Берово 1 329, активни 57
- Делчево 1 287, активни 117
- Виница 1 129, активни 45
- Пробиштип 1 092, активни 55
- Валандово 882, активни 26
- Кратово 727, активни 76
- Богданци 616, активни 30
- Крушево 571, активни 24
- Демир Хисар 562, активни 83
- Македонски Брод 483, активни 4
- Демир Капија 419, активни 10
- Македонска Каменица 387, активни 55
- Пехчево 336, активни 12
- Дојран 157, активни 5