Во текот на викендот, според податоците од Министерството за здравство, аплицирани се 4 684 вакцини

Во земјава со една доза вакцинирани се 58 отсто од полнолетните граѓани, а 47 отсто се ревакцинирани.
Ако се земат предвид и малолетните граѓани, тогаш 38 отсто од целокупната популација во државата е ревакцинирана.
Во текот на викендот, според податоците од Министерството за здравство, аплицирани се 4 684 вакцини. Од нив 1 133 биле користени како прва доза, 916 за ревакцина, а 2 635 биле дадени како трета доза.
Трета доза досега примиле 54 170 граѓани.