Ако се спореди анализата што Министерството за здравство ја објави минатата недела и беше за периодот од 6 август до 4 ноември, има мали промени во процентот на невакцинирани и вакцинирани и кај заболените и кај починатите
Во период од 6 август до 11 ноември на територија на државата има 52 436 граѓанин кои се позитивни на ковид-19. Од нив 29% биле целосно вакцинирани, односно 15 456 лица, додека 36 980 граѓани, односно 71% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните е исто така поголема, покажува анализата на ИЈЗ. За овие три месеци на територија на државата починале 1 788 пациенти со ковид-19, од кои 1 434, односно 80% не биле вакцинирани, а 20%, односно 354 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
Ако се спореди анализата која Министерството за здравство ја објави минатата недела и беше за периодот од 6 август до 4 ноември има мали промени во процентот на невакцинирани и вакцинирани и кај заболените и кај починатите.
На пример, минатата недела процентот на невакцинирани меѓу кај заболените изнесуваше 72 отсто, додека кај починатите 82 отсто.
Во оваа анализа има зголемување за еден отсто на заболени вакцинирани лица и 2 отсто зголемување на бројката на вакцинирани кај починатите со ковид.
Оваа недела нема податоци за бројката на хоспитализирани и колку од нив се невакцинирани односно вакцинирани.