На прес-конференција во Собранието по неговото распуштање, ВМРО-ДПМНЕ го оспори и донесувањето на законот за Советот на јавни обвинители, бидејќи како што велат, немало Бадентерово мнозинство.
“И самиот Џафери најави дека законот се гласа со апсолутно мнозинство и со Бадентер, но тој не го стави законот да се гласа со Бадентер со што овој закон не е донесен. Оттука упатуваме порака дека потпишувањето на закон за кој не е обезбедено мнозинство е спротивно на Уставот и законите. Апелираме до Пендаровски да одбие да го потпише. Во спротивно, се останато ќе значи кршење на Уставот и законите“
– рече Илија Димовски.
Димовски посочи дека оваа нерегуларност ја забележале уште во текот на седницата, но чекале Собранието да се распушти и тоа да и го соопштат на јавноста. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ претходно реагираа на донесувањето на законот за јавно обвнителство, па го повикаа претседателот Стево Пендаровски да не ги потпишува законските решенија.
“Прегледајте ги снимките. Сега веќе Собранието е распуштено и не може да се врати. Овој закон не е донесен. И другиот не е донесен. Секако, едниот без другиот закон не може да се импелемнтираат“
– рече Димовски.
Поврзани вести:
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО!