Овој режим денес докажа на кој начин останува на власт – со притисоци, закани и уцени, го соопштија својот став од партијата на Села за денешните случувања
Алијанса за Албанците вечерва преку соопштение оценија дека денеска е делегитимиран, како што вели, хибридниот режим СДСМ-ДУИ, кој сега е со само 59 гласа и пратеник кој се уште е во, како што велат, мистериозни околности.
„Денеска се потврди дека граѓаните и опозицијата имаа право кога инсистираа на рушење на овој режим кој се повикува на ЕУ со антиевропски механизми. Овој режим денес докажа на кој начин останува на власт – со притисоци, закани и уцени! Но, овој режим нема да опстане и покрај секоја акробација што ја прават“,
велат преку партиско соопштение од партијата на Зијадин Села.