Собранието го усвои законот за јавно обвинителство. „За“ гласаа 80 пратеници, минимален број неопходен за донесување на законот.
При првичното гласање, кое спикерот Талат Џафери го поништи поради тоа што некои пратеници реагирале дека нивниот глас не е регистриран, на екранот се појавија 74 гласа „за“.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, реагираше на повтореното гласање и бараше да се уважи првото. Тој смета дека повтореното изјаснување натерало да гласаат „за“ и одредени пратеници што се двоумеле.
Претседателот Талат Џафери повтори дека веќе констатирал дека законот за јавно обвинителство е усвоен.
Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, дел од мнозинството, во процедурален настап, образложи зошто ќе го поддржи законот. Во својот, како што кажа, последен настап во парламентот, рече дека предност ќе им даде на аргументите дека донесувањето на овој закон може да им ги избие аргументите не некои земји членки на ЕУ да не се согласат со почеток на преговори за членство со земјава. Иако, рече, таа не е сигурна дека тоа ќе се случи во март.