Со видеозапис во кој има фрагменти од културните и природните богатства на земјава и со учество на „Чалгија саунд систем“, Северна Македонија го честиташе 75. Роденден на УНЕСКО.
Со оваа порака, земјава се вклучува во виртуелната прослава на јубилејот на оваа организација на Обединетите нации.
Државата е членка на УНЕСКО од 1993 година.
„За нас УНЕСКО за нас значи признание на културните и природните и нематеријалните добра кои ги имаме во изобилство како и нивна промоција во светот“,
се вели во честитката од Северна Македонија.