Во состојба на олабавување на рестриктивните мерки кога се враќаат социјалните контакти и патувањата се зголемува ризикот од коциркулација на ковид-19 и грип. Со тоа може да очекуваме оптоварувањето од сезонскиот грип да биде надополнето со оптоварувањето од ковид-19, велат од Министерството за здравство
Од денеска почнува пријавувањето за вакцинација против сезонски грип. Министерството за здравство соопшти дека тоа ќе биде преку преку страницата vakcinacija.mk.
Оваа година набавени се 40 000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип за следните ризични групи:
– Стари лица (над 65 години)
– Лица со хронични заболувања
– Здравствени работници
– Бремени жени
– Децата на возраст од 6 месеци до 5 години
За овие групи граѓани таа е бесплатна.
Пријавувањето е со пополнување на формулар директно во системот Мој Термин, а согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, по пат на СМС, пријавените ќе добијат информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата.
„Вакцинацијата против грип не штити од ковид-19, но истата е многу значајна во услови на пандемија со ковид-19 и влијанието на здравствениот систем. Во состојба на олабавување на рестриктивните мерки кога се враќаат социјалните контакти и патувањата се зголемува ризикот од коциркулација на ковид-19 и грип. Со тоа може да очекуваме оптоварувањето од сезонскиот грип да биде надополнето со оптоварувањето од ковид-19. Ризичните групи за грип, се истите кои се под најголем ризик и од ковид-19, поради што се препорачува вакцинација против грип на истите. На тој начин ќе се избегне и дополнително оптоварување на здравствениот систем, бидејќи лицата заболени од грип би се хоспитализирале во ковид-центрите“,
велат од МЗ.