Во овој момент сите можни сценарија се во игра, а ние нема да се истрчуваме во однос на донесувањето на конечната одлука во однос на делувањето на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период, рече Јанушев
Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ вечерва најави дека во наредениот период ќе се обидат да создадат ново парламентарно мнозинство, но не по цена на уцени и притисоци. Во емисија на ТВ 24 тој рече дека претстои отворен терен на кој се е можно и треба да се почека да се види како ќе се одвиваат работите.
„Ќе се обидеме да создадеме ново парламентарно мнозинство, но не по секоја цена или било какви уцени и притисоци. Нашата цел е граѓаните да видат дека има голема разлика. По победата на локалните избори и големиот број на градоначалнички мандати, граѓаните ќе ја увидат разликата. Во овој момент сите можни сценарија се во игра, а ние нема да се истрчуваме во однос на донесувањето на конечната одлука во однос на делувањето на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период“,
рече Јанушев.
И Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари вечерва во емисија на ТВ 21 потврди дека почнале разговори за ново параламентарно мнозинство, истакнувајќи дека условот од нивна страна бил Преспанскиот договор, со што, како што рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски немал проблем.