Од денеска почнавме формални преговори, со сите опозициски партии. Сега за сега нема ништо конкретно, но наше е да работиме за ново мнозинство, изјави градоначалникот на Гостивар
Според Таравари, условот за ново мнозинство е почитувањето на Преспанскиот договор, а како што вели, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема проблем со тоа
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вечерва кажа дека од денеска започнале формални преговори за ново мнозинство.
„Моменталното владиното мнозинство има 62 пратеници, а опозицијата има 58. СДСМ тоне секој ден се повеќе, и повеќе. Од урбани општини добија само Центар и Струмица. Од денеска почнавме формални преговори. Со сите опозициски партии. Сега за сега нема ништо конкретно, но наше е да работиме за ново мнозинство“,
изјави Таравари во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21.
Според Таравари, условот за ново мнозинство е почитувањето на Преспанскиот договор, а како што вели, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема проблем со тоа.
„Имаме наши услови. Сме разговарале со Мицкоски. Мицкоски нема забелешки за тоа. Преспанскиот договор мора да се почитува. Наш главен услов е интеграција на Македонија во ЕУ, и Преспанскиот договор секако“,
рече Таравари.
Тој истакна дека доколку не успеат да создадат ново владино мнозинство, тогаш ќе се оди на нови парламентарни избори, а како можен термин го спомена октовмри следната година.
„Нема друго решение“,
рече Таравари.