Мнозинството советници од ВМРО-ДПМНЕ го одбиле барањето за право толкување, по што советниците од СДСМ ја напуштиле седницата
На свечена конститутивна седница на Советот на Општина Штип денеска присустввуваа само 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ и еден на Левица, додека деветмината советниците од опозициската СДСМ ја напуштија седницата, бидејќи на писмената свечена изјава, наместо да стои уставното име на државата Република Северна Македонија, стоело Република Македонија, јави МИА.
Маријана Рогожарска-Поповска, советник од СДСМ истакна дека не треба да се оди против Уставот и побара правно толкување од службите.
Откако мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ им го одбија барањето, тие ја напуштија седницата.
Свечена изјава дадоа 13 советници на ВМРО ДПМНЕ и еден на Левица, онака како што службите им ги подготвиле со Република Македонија.
Мнозинството советници без присуство на опозицијата денеска за претседател на Советот на Општина Штип ја избираа Весна Карагунова-Кожинкова.