Потребна е обнова од авиолинијата на релација Доха, Катар, до Скопје, потенцирал министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на средба со в.д. амбасадорот на Катар во земјава, Џасим Ал-Тани.
„Соработката меѓу двете држави е многу важна за поврзување на луѓето и економијата. За нас е посебно значајно да се обнови линијата Скопје – Доха, заради одржување на бизнис релациите меѓу двете земји. Имаме добра соработка со Катар, но сметаме дека имаме уште потенцијал оваа соработка да се зголеми“,
рекол Бочварски, соопштија од неговиот кабинет.
На средбата министерот повикал и инвеститорите од Катар да ги разгледаат условите за инвестирање кај нас и да ги искористат предностите што ги нуди земјата во регионот.