Кај еден од починатите биле пронајдени документи кои укажуваат дека бил малолетник од Авганистан, додека кај другото лице не се пронајдени никакви документи
Во атарот на гевгелиското село Миравци вчера биле пронајдени тела на две починати лица, за кои МВР вели дека најверојатно станува збор за мигранти. Во полицијата во Гевгелија случајот бил пријавен вчера околу 9:30 часот.
Според извршениот увид, пронајдените документи кај еден од нив укажуваат дека станува збор за малолетник од Авганистан.
„По овластување на јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Гевгелија извршиле увид и притоа кај едното лице била пронајдена картичка за идентификација издадена од Република Грција и било утврдено дека станува збор за малолетник од Авганистан, додека кај другото лице не биле пронајдени документи за идентификација“,
велат од МВР.
На телата ќе им биде извршена и обдукција.