Истекува петтиот ден по првиот круг од локалните избори, а од кампањата пред вториот остануваат уште седум дена. Во овој момент, кој е своевидна вододелница на повеќе нивоа, ќе видите дебата – соочување на претставници на четирите најголеми партиско-политички блока во државава: Бојан Маричиќ од СДСМ и коалицијата, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Бујар Османи од ДУИ и Елми Азири од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Зборуваме за исходот од првиот круг, функционирањето на меѓуетничките коалиции и нивното значење во вториот круг, за тоа дали резултатот од локалните избори треба и може да има влијание на мнозинството во Собранието и Владата. Притоа, секој учесник во дебатата има исто време за одговор на секое од прашањата – 90 секунди, за реплика – 60 секунди и за контрареплика – 30 секунди. Редоследот на одговарање го утврдивме со ждрепка пред снимањето на емисијата.
Дебатата е емитувана на 22 октомври 2021 г. од 21:45 часот на ТВ Алсат.