За странските државјани ќе биде потребен дигитален ЕУ-сертификат или сертификат од земјата од која доаѓаат, само доколку Србија има потпишано договор за признавање на сертификатите
По апелите на епидемиолозите, српската влада одлучи да воведе нови мерки за спречување на ширењето на ковид-19. Новите мерки кои ќе важат од сабота, 23 октомври, предвидуваат и приложување сертификат за вакцинација или негативен ПЦР-тест (или брз тест) за влез во угостителски објекти, но само за присуство по 22 часот.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека сертификатот треба да покажува примена втор доза на вакцина против ковид до седум месец наназад или за примена и трета доза. Негатиовниот ПЦР-тест треба да биде не постар од 72 часа, а доколку се приложува брз антигенски тест да не биде постар од 48 часа. За влез во угостителски објект ќе може да се приложи и потврда за прележан ковид-19 до 210 дена.
Ковид-редарите ќе ги скенираат кју-ар кодовите на сертификатите, а тие може да се приложат и во дигитална верзија на мобилен телефон.
Брнабиќ вели дека сертификатите нема да содржат фотографија од граѓаните, но ковид-редарите и други овластени органи ќе може да побараат граѓанинот да се идентификува со лична карта или друг идентификациски документ.
За странските државјани ќе биде потребен дигитален ЕУ-сертификат или сертификат од земјата која доаѓаат само доколку Србија има потпишано договор за признавање на сертификатите.
Овие одлуки треба да се донесат на денешната редовна седница на српската влада.