Лидерот на синдикатот изјави дека минатонеделниот напад од страна на екстремната десница не оставил друг избор освен излегување на протести
Десетици илјади Италијанци учествуваа на денешните анти-фашистички демонстрации во Рим, една недела откако десничарските екстремисти упаднаа во седиштето на водечкиот италијански синдикат ЦГИЛ.

„Никогаш повеќе фашизам“, „Не за фашизам: за работа, учество и демократија“ беа дел од пораките на протестот предводен од синдикалните лидери, кои тврдат дека учествувале околу 100.000 луѓе.
Минатата недела, додека се одржуваа протести против проширените мерки за заштита од ковид-19, членовите на радикалната десничарска партија „Нова сила“, меѓу другите, го нападнаа седиштето на Синдикатот. Во протестите беа повредени неколку лица.
Лидерот на синдикатот изјави дека минатонеделниот напад од страна на екстремната десница не оставил друг избор освен излегување на протести „обединето против сите форми на фашизамот“ Тој побара од властите брзо да ја забранат работата на партијата „Нова сила“.