Во 2020 година, 96,5 милиони луѓе во ЕУ биле изложени на ризик од сиромаштија, што претставува 21,9 отсто од населението
Повеќе од една четвртина од населението во Бугарија, Романија, Грција и Шпанија е изложено на ризик од сиромаштија, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Во Романија 35,8 отсто од населението е изложено на ризик од сиромаштија, потоа следи Бугарија – 33,6 отсто, Грција – 27, 5 отсто и во Шпанија 27 отсто.
Еден од пет луѓе во ЕУ е изложен на сиромаштија. Во 2020 година, 96,5 милиони луѓе во ЕУ биле изложени на ризик од сиромаштија, што претставува 21,9 отсто од населението.

Евростат наведува дека во 2020 година, во ЕУ 75,3 милиони луѓе биле изложени на ризик од сиромаштија, 27,6 милиони луѓе биле во тешка финансиска и социјална состојба, а 27,1 милиони луѓе живееја во домаќинство со низок интензитет на работа.
Меѓу 96,5 милиони луѓе во ЕУ кои биле изложени на ризик од сиромаштија, околу 5,9 милиони луѓе (1,3 отсто од вкупното население) живееја во домаќинства со три услови на сиромаштија во исто време (ризик од сиромаштија, тешка материјална и социјална состојба и домаќинство со многу низок интензитет на работа).
Најнизок процент на луѓе изложени на сиромаштија се регистрирани во Чешка – 11,5, потоа следат Словачка – 13,8 отсто, Словенија – 14,3 отсто, Холандија – 15,8 отсто и Финска со 15,9 отсто.