Според Би-би-си, нападот се случил во Леј, во методистичката црква во Белферс, а полицијата на самото место пронашла нож. Уапсено е едно 25-годишно лице кое е осомничено за нападот
Конзервативниот пратеник во британскиот Парламент, Дејвид Амес, почина откако беше нападнат со нож на јавна средба со граѓани во Есекс.
Според Би-би-си, нападот се случил во Леј, а полицијата на самото место пронашла нож. Уапсено е едно 25-годишно лице кое е осомничено за нападот.
Conservative MP Sir David Amess dies after being stabbed at his constituency surgery in Essex, UK https://t.co/cTmjMXkGr4
— BBC Breaking News (@BBCBreaking) October 15, 2021
69 -годишниот Амес бил нападнат на состанок со граѓани во методистичката црква во Белферс. Брзата помош безуспешно се обиде да му помогне.

Дејвид Амес е член на Британскиот парламент од 1983 година. Оженет е, и има пет деца.
Тој беше познат како социјален конзервативец, голем противник на абортусот и се залагаше за благосостојба на животните.