Маж вооружен со лак и стрела низ центарот на градот Конгсберг, во Норвешка, вечерва уби неколку лица, но засега не се знае точниот број на жртвите, а има и повредени.

Според последните информации, мажот е фатен и однесен во полициска станица.

ФОТО: EPA-EFE/HAKON MOSVOLD LARSEN NORWAY OUT
Според извештаите на медиумите, мажот го започнал својот напад од еден супермаркет кој се наоѓал во западниот дел на градот. По пријавата за нападите на терен се излезени десетина возила од итната помош, полицијата, како и хеликоптери. Бројот на жртвите и мотивот за нападот засега се непознати. Повредените лица се пренесени во локалната болница.
Во Конгсберг, град кој се наоѓа југозападно од главниот град Осло, се советуваат граѓаните да останат дома додека трае увидот. Полицијата, засега, не се сомнева дека напаѓачот имал соучесници.