На 17 септември во Тетово се одржа протестен марш од плоштадот, па сè до седиштето на ДУИ во Мала Речица. Кога полицијата се обиде да го спречи движењето кон седиштето, дел од учесниците во протестот употребија насилство за да го продолжат движењето и притоа беа повредени четворица полицајци. Претходно ја гаѓаа општинската зграда со јајца
Петтемина приведени за насилниот протест во Тетово и Мала Речица на 17 септември организиран во врска со пожарот во тетовската модуларна ковид-болница од 8 септември, во кој загинаа 14 луѓе, добија условни казни и ќе бидат пуштени на слобода, информираше еден од адвокатите во процесот.
„Обвинетите ја признаа вината, а судот утврди казна затвор од една година доколку повторно го сторат делото во наредните три години. Воедно судот ја укината мерката притвор“,
изјави Бесник Асани, адвокат на првообвинетиот Блерим Ахмеди, јави МИА.
На обвинетите Блерим Ахмеди, Насер Белули, Арјан Шерифи, Џемал Садики и Ветон Алити во Основниот суд во Тетово им се судеше за сторено кривично дело „напад врз службено лице“, поради насилството врз полицајците на протестот на 17 септември кога беа повредени четворица полицајци.
На 17 септември во Тетово се одржа протестен марш од плоштадот, па сè до седиштето на ДУИ во Мала Речица. Кога полицијата се обиде да го спречи движењето кон седиштето, дел од учесниците во протестот употребија насилство за да го продолжат движењето. Претходно ја гаѓаа општинската зграда со јајца.