Една од снимките од УСБ кое во обвинителството го предал Зоран Милески-Кичеец, кој призна вина во „Рекет“, се слушна во судницата на денешното рочиште.
Во неа има разговор што го снимил Кичеец, а во кој се слушаат неговиот, гласот на Ана Камчева и на Бојан Јовановски-Боки 13. Јавноста во судница ја слушаше првата снимка, но разговорите беа тешко разбирливи во делот каде што седат новинарите.
Во моментов се слуша втората снимка, а од истото УСБ обвинителството бара да се слушне уште една снимка, но јавноста да биде исклучена поради приватни елементи.
Бојан Јовановски и во продолжението на рочиштето повторно побара новинарите да не се исклучат од судницата.
„И официјално, од овој момент ја отворам Пандорината кутија. Тоа значи дека и покрај моето нарушено достоинство, вршење на тортура, барам јавноста да не биде исклучена за да се види вистинитоста на мојот однос со Зоран Милески-Кичеец, манипулацијата со мене, ова секако е под секое човечко достоинство. Во досегашниот тек на постапката не видовме докази, видовме само сензационализам и понижување“,
порача Боки.
Тој, коментирајќи ги аудиоснимките што ги направил Кичеец, рече дека од тоа се гледа зошто тој бил пуштен од притвор во текот на истрагата.