На неформалниот состанок на министрите за здравство беше дадено јасно ветување дека ЕУ ќе им даде 500 милиони дози вакцини против ковид-19 на земји надвор од Унијата до средината на следната година, од кои 250 милиони пред крајот на оваа
Европската Унија досега вакцинира 75 отсто од возрасните граѓани, изјави еврокомесарот за здравство Стела Киријакидис, пренесува порталот Нова.рс повикувајќи се на агенциски вести.
Денеска, на неформална седница во Словенија, министрите за здравство на Европската Унија информираа за создавање здравствена унија во ЕУ, со цел блокот да одговори на идните здравствени предизвици.
Европската стратегија за набавка на вакцини и имунизација овозможи „успех без преседан“, каде што соработката на членовите и покажаната солидарност беа клучни, рече Киријакидис.
Според неа, успехот се покажал во фактот дека досега 75 отсто од возрасните лица биле имунизирани во ЕУ, објави Хина.
„Сепак, ни треба и поголем процент на вакцинирани луѓе насекаде. Тоа беше мојата главна порака“, додаде таа.
Потребна е и солидарност за да се осигури стратегијата за вакцинирање и контрола на пандемијата, потоа дека враќањето во нормален живот е обезбедено на глобално ниво.
На неформалниот состанок на министрите за здравство беше дадено јасно ветување дека ЕУ ќе им даде 500 милиони дози вакцини против ковид-19 на земји надвор од Унијата до средината на следната година, од кои 250 милиони пред крајот на оваа година.
