Абот е еден од републиканците, кој се противи на официјалната политика на администрацијата на претседателот Џо Бајден, па затоа претходно им забрани на локалните власти и училиштата да воведат правило за задолжително носење маски, пишува Гласот на Америка
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, им забрани на сите институции во таа сојузна држава да воведат задолжителна вакцинација против Ковид-19.
„Ниту еден субјект во Тексас не смее да бара потврда за вакцинација против ковид од поединци, вклучително и работодавачи, ако поединецот се противи на вакцинација од лични верувања, религија или медицински причини, вклучително и ковид-19“,
се вели во наредбата на гувернерот.
Абот е еден од републиканците кој се противи на официјалната политика на администрацијата на претседателот Џо Бајден, па затоа претходно им забрани на локалните власти и училиштата да воведат правило за задолжително носење маски, според Гласот на Америка.
Бајден претходно издаде наредба за сите компании кои вработуваат повеќе од 100 луѓе – дека вработените мора или да се вакцинираат или да се тестираат еднаш неделно.
Здравствените работници и вработените во владините агенции, без разлика дали се со полно или скратено работно време, добија наредба да се вакцинираат.
Две големи авиокомпании со седиште во Тексас, „Американ ерлајнс“ и „Саутвест“, бараат задолжителна вакцинација од вработените.
Фејсбук и Гугл, кои, исто така, имаат големи седишта во Тексас, исто така бараат вработените да бидат вакцинирани.
Гувернерот Абот, кој имаше ковид, рече дека „охрабрува вакцинација на оние на кои им е потребна вакцината, но дека мора да биде на доброволна основа“. Тој, исто така, најави дека ќе поднесе жалба до Националното собрание да ја претвори оваа наредба во закон.
