Двајцата мигранти, од Индија и од Пакистан се сместени во транзитниот центар, за понатамошна постапка
Полициски службеници вчера на влезот во Гевгелија, на граничниот премин „Богородица“ го лишиле од слобода М.А.(47) од Србија, кој превезувал на мигранти.
Како што информираат од МВР, во патничкото моторно возило „шкода суперб“, со српски ознаки, кое го управувал, М.А. превезувал две лица мигранти – A.J.(30) од Индија и М.M.(29) од Пакистан.
За настанот е известен јавен обвинител, а М.А. бил предаден на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ.
Мигрантите кои биле во возилото се сместени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.