Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска островот Крит. Снимките што се појави на социјалните мрежи ја покажуваат разорната сила на земјотресот што утрово го погоди грчкиот остров.
Оштетени се многубројни згради и објекти, а надзорните камери низ градот го снимија моментот кога земјата почна да се тресе.
Сведоци на земјотресот изјавија дека земјотресот траел околу 20 секунди и посочуваат дека не се сеќаваат на толкав силен земјотрес во последните години.
„Ова е најсилниот земјотрес што го почувствував во последните 14 години откако се преселив тука. Целата куќа се тресеше, траеше најмалку 20 секунди “,
се наведува во сведочењето на еден очевидец на веб-страницата ЕМСЦ.
На крајот на септември Крит беше погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, што предизвика голема материјална штета, а едно лице загина.
