Во однос на старосните групи, процентот на вакцинација е највисок кај лицата над 80 години, односно 99,8 отсто примиле прва доза, а потоа следува групата од 70 до 79 години со 98,4 отсто вакцинација со една доза
Министерството за здравство на Кипар соопшти дека осум од десет возрасни граѓани во земјата се вакцинирани против ковид, односно вкупно 78,9 отсто од возрасното население.
Според објавените податоци, нешто повеќе од 81 отсто од полнолетното население примиле најмалку една доза од вакцината против ковид. Највисок е процентот на имунизациска покриеност е во регионот Пафос, каде што најмалку една доза примиле 92,4 отсто од граѓаните.
Во однос на старосните групи, процентот на вакцинација е највисок кај лицата над 80 години односно 99,8 отсто примиле прва доза, а потоа следува групата од 70 до 79 години со 98,4 отсто вакцинација со една доза.
Кај децата од 12 до 15 години, 27,3 отсто примиле најмалку една доза, а исто така со една доза се вакцинирани 41,6 отсто од оние на возраст од 16 и 17 години.
Трета доза од вакцината примиле 20 892 граѓани.
