Со овој триумф, Германија го обезбеди првото место во Ј-групата и пласманот на Мундијалот во Катар, а македонскиот национален тим падна на трето место
Mакедонската фудбалска репрезентација го забележа првиот пораз за на домашен терен во квалификациите за Светското првенство следната година
Вечерва во Скопје, македонските репрезентатовци беа целосно надиграни од фаворитот Германија, која забележа победа со четири спрема нула. Сите голови беа постигнати во второто полувреме.
Како што објави МИА, со овој триумф, Германија (21 бод) го обезбеди првото место во Ј-групата и пласманот на Мундијалот во Катар.
Македонскиот национален тим падна на трето место, со 12 бода, но се уште е со шанса за второто место.
На другите две средби од осмото коло, Романија – Ерменија 1:0 и Исланд – Лихтенштајн 4:0. Романците се втори со 13 бода, Ерменците се четврти со 12, Исланд има осум, а Лихтенштајн е последен со еден бод