Денеска, вели тој, оддаваме почит на сите кои имаа удел во борбата за да можеме сите ние да ги уживаме благодатите на животот во слободна и демократска држава, која од лани со членството во НАТО и самата придонесува во светскиот мир и предок
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во честитката за 11 Октомври – Денот на народното востание порачува дека е потребна сплотеност за да може да имаме прогрес во општеството.
„Битно е, лекциите од минатото да се научат, да се запомнат и никогаш повеќе да не се повторат затоа што, поделбите никому не носат ништо добро и во овој свет само сплотеноста носи кон прогрес“,
вели Џафери.
Оваа година, вели тој, е посебно значајна затоа што е јубилејна – одбележуваме, потенцира Џафери, 80 години од денот кога борците на антифашистичката генерација се исправија решително и несебично во борба за слобода и достоинство, положувајќи го најскапоценото во глобалната битка на доброто против злото.
„Тие ја избраа потешката, но исправна страна и со тоа ги сочуваа своето достоинство, човечноста и солидарноста но над сè, го дадоа својот придонес за подобар, похуман и поцивилизиран свет, свет без болка, солзи, без поделби и тага. Таа желба за слобода, придонесе и во градењето на државноста и затоа, денес оддаваме почит на сите кои имаа удел во таа борба, за да можеме сите ние да ги уживаме благодатите на животот во слободна, силна и демократска држава, која од минатата година со членството во НАТО, и самата е контрибутор во светскиот мир и поредок“,
вели Џафери во честитка.