Фаучи апелираше до Американците да носат маски на преполни места, дури и ако се вакцинирани и се на отворено
Водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи предвидува дека бројот на смртни случаи од ковид ќе започне да опаѓа оваа зима, по зголемениот број случаи во САД поради појавата на делта сојот.
Во интервју со американската водителка Грета ван Сустерен, кое ќе биде објавено подоцна денеска, шефот на медицинскиот советодавен тим на Белата куќа беше прашан дали ќе има уште еден бран на инфекција оваа зима, пренесува весникот Хил.
„За среќа, во моментов, поточно во претходните четири недели, забележавме пад кај бројот на пациенти и хоспитализации. Сепак, бројот на смртни случаи е висок, но кривата почнува да се израмнува“,
рече Фаучи, но не верува дека падот ќе биде толку забележителен како и кај хоспиталициите.
„Колку брзо ќе падне бројот на починати ќе зависи од многу околности, дали времето ќе биде постудено време поради што луѓето ќе бидат повеќе во затворени простории“,
рече Фаучи, пренесуваат американските медиуми
Фаучи апелираше до Американците да носат маски на преполни места, дури и ако се вакцинирани и се на отворено.
Американските центри за контрола и превенција на болести соопштија дека бројот на смртни случаи се намалил од просечно 1 767 дневно на 15 септември, на 1 418 на 7 октомври.
САД неодамна надминаа број од 700 илјади смртни случаи од ковид-19.
