Заменик- префектот Јоргос Келаидитис за грчката новинска агенција АНА-МПА изјави дека во четири села сè е поплавено, две општини претрпеле голема материјална штета, а во прекин е сообраќајот на неколку локални патишта
По катастрофалните пожари пред два месеци, северниот дел на грчкиот остров Евија сега се соочува со поплави предизвикани од невремето и силниот дожд, но и како последица од пожарите, а материјална штета претрпеа домови, дворови, продавници, плажи и патната мрежа.
Невремето наречено „Атина“ зафати повеќе делови на Грција, а најпогодена е северна Евија, каде што според грчките медиуми поплавени се стотина домови.
Заменик- префектот Јоргос Келаидитис за грчката новинска агенција АНА-МПА изјави дека во четири села сè е поплавено, две општини претрпеле голема материјална штета, а во прекин е сообраќајот на неколку локални патишта.
Во август, светот беше вознемирени од шокантните видеа и снимките кои се објавуваа н социјалните мрежи и во медиумите и од изјавите на жителите на Евија и туристите кои бегаа пред налетот на огненатат стихија.




