Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска ќе се сретне со Вучиќ, а доаѓа во Белград по повод собирот на Движењето на неврзаните, што ќе се одржи утре и задутре во главниот град на Србија
Русија го користи, се чини и дека го злоупотребува, собирот на неврзаните, бидејќи не била членка на Движењето. На Лавров му се простира црвениот тепих за да дојде во моментов и да го капитализира неуспехот на самитот ЕУ -Западен Балкан во Словенија и да му каже на Белград да не се грижи затоа што постои алтернатива, вели Бошко Јакшиќ, новинар за надворешна политика во Србија, како соговорник во анализа на дневниот весник „Данас“ во врска со престојниот настан во Белград по повод 60-годишнината од формирањето на Движењето на неврзаните земји.
Како што пишува „Данас“, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска ќе се сретне со Вучиќ, а тој доаѓа во Белград по повод самитот на неврзаните, што ќе се одржи утре и задутре во главниот град на Србија.
Новинарот Јакшиќ прво прашува од каде дојде Русија на самитот, бидејќи не беше членка на Движењето.
„Ако доаѓа како почесен гостин, се поставува прашањето зошто тоа не е американскиот државен секретар. Организаторите направија нерамнотежа. Претпоставувам дека тоа е српска иницијатива која кажува многу. За Лавров се простира црвенкилим за да дојде и да профитира од неуспехот на самитот ЕУ -Западен Балкан во Словенија, во согласност со старата руска теза, кажете му на Белград да не се грижи, постои алтернатива“
тнаведува Јакшиќ.
Како што додава, сето тоа е убаво спакувано за поддршка околу Косово. Вториот канал преку кој руската дипломатија ќе се обиде да ја приближи Србија до Москва, според новинарот, е претстојната енергетска криза.
