„Интерфакс“ се повикува на извор, кој рекол дека 37-годишниот изведувач бил удрен од рампа при промена на сценографијата. Извори за РИА и ТАСС изјавиле дека тој загинал по паѓање на сценски украс
Изведувач на познатиот московски театар Бољшој загина во несреќа што се случи во саботата вечер на сцената, соопшти театарот.
Според информациите, инцидентот се случил за време на промена на кулиси при изведба на операта „Садко“ од рускиот композитор Николај Римски-Корсаков.
„Операта веднаш беше прекината и публиката беше замолена да си замине“,
соопштиле од театарот за „Интерфакс“.
Се испитуваат околностите за смртта на 37-годишниот изведувач, маж.
„Интерфакс“ се повикува на извор, кој рекол дека изведувачот бил удрен од рампа при промена на сценографијата. Извори за РИА и ТАСС изјавиле дека тој загинал по паѓање на сценски украс.
