Според националните податоци, собрани од агенцијата Франс прес, Португалија го дели првото место во светот со ОАЕ во однос на целосната стапка на вакцинација од 84,8 проценти, пред Шпанија (78 проценти) и Сингапур (77 проценти)
Португалија ја постигна својата цел, со тоаа што вакцинираше 85 проценти од населението против ковид-19 и ќе започне со аплицирање на третата доза од вакцината за лица постари од 65 години, објави Генералната здравствена управа (ДГС).
„Вакцинацијата е недвосмислен успех, ние постигнавме целосна покриеност со вакцинирање на околу 85 проценти од населението, бидејќи Португалците го прифатија процесот. Од следната недела ќе започнеме со вакцинација на лица над 65 години со трета доза“,
рече службеничката на СБС, Граса Фреитас на прес -конференцијата.
За третата доза предност ќе имаат луѓето постари од 80 години и оние во домовите за стари лица, а усло да се даде третата доза е да поминале шест или повеќе месеци.
Европскиот регулатор во понеделникот ја одобри примената на третата доза на вакцината „Фајзер“ за постари од 18 години, бидејќи се плаши дека заштитата од ковид-19 може да исчезне откако ќе помине одредено време од втората доза.
Петнаесет земји во светот започнаа со примена на третата доза за најзагрозените. Некои земји од ЕУ, како Франција, Италија и Германија, не чекаа зелено светло од европските власти, пред заканата од зимски бран на епидемијата.
Според националните податоци, собрани од агенцијата Франс прес, Португалија го дели првото место во светот со ОАЕ во однос на целосната стапка на вакцинација од 84,8 проценти, пред Шпанија (78 проценти) и Сингапур (77 проценти).
„Тоа е одличен резултат“,
рече Жозе Мануел Баросо, претседател на Асоцијацијата за вакцинација, во петокот во Лисабон.
Како една од првите европски земји погодени од многу заразна делта-варијанта, Португалија ја забрза кампањата за вакцинација поради четвртиот бран на ковид-19.
Данска, Норвешка, Шведска, Португалија и Чиле се земјите кои од 1 октомври одлучија да се вратат на нормалното живеење како пред две години – кај сите има едно едноставно решение: висок процент на вакцинација.
