Минатиот месец, пак, во јавноста излегоа информации дека намерата на американските регулаторни тела е до крајот на овој месец да дадат зелено светло на ваквото барање
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“, која разви вакцина против ковид-19 заедно со германски „Бионтек“, побара од властите во САД дозвола за употреба на вакцината кај деца на возраст од 5 до 11 години.
Доколку американските регулаторни тела ја одобрат, таа веќе би можела да почне се употребува кај дечињата во рок од неколку недели.
Во пресрет на поднесувањето барање за одобрување, минатиот месец два неименувани извори за новинската агенција „Ројтерс“ најавија дека целта на американското регулаторно тело, ФДА, е до крајот на октомври да даде зелено светло.
Вакцината на „Фајзер“ веќе има одобрение и се користи и во САД и во повеќе други земји за деца над 12 години.
