Зелените, кои заедно со Австриската народна партија (ОВП) ја формираат владата на Курц, посочија дека раководството на канцеларот може да биде доведено во прашање со обвинувањата за корупција
На австрискиот канцелар Себастијан Курц му се заканува гласање за недоверба откако Зелените – неговиот коалициски партнер – објавија дека ќе одржат состанок на парламентарните клубови поради корупцискиот скандали во кој се наведува дека е вклучена и канцеларот, пишува српскиот портал „Нова“.
Зелените, кои заедно со Австриската народна партија (ОВП) ја формираат владата на Курц, посочија дека раководството на канцеларот може да биде доведено во прашање со обвинувањата за корупција.

Вчера полицијата влезе во просториите на канцеларот и изврши претрес во становите на неговите најблиски соработници. Курц, деветмина негови соработници, како и три организации се под истрага на Обвинителството за борба против економски криминал, под сомнение дека пари од државната каса биле искористени за истражување што го прикажува австрискиот канцелар во подобро светло.
„Имаме заедничка одговорност за земјата и мораме заедно да се грижиме за стабилноста, затоа одлучивме да дејствуваме натпартиски“,
рече лидерот на Зелените, Вернер Коглер, по состанокот во партијата.
Себастијан Курц е првиот канцелар чија влада веќе падна со гласање недоверба во 2019 година. Тој успеа да се врати на власт во јануари 2020 година, но повторно е во истата опасност.
Во меѓувреме, тој ги негираше сите обвинувања и посочи дека станува збор за „монтирани судења“.
„Сега имаме нови истраги и повторно се работи за конструирани обвиненија според истата шема: смс- пораките се фрагментирани, ставени во погрешен контекст и околу сето тоа се плете правно-криминална конструкција“,
рече Курц во Брдо кај Крањ, каде што присуствуваше на самитот за Западен Балкан.
Социјалдемократската партија, Партијата на слободата и Неос поднесоа барање за одржување вонредна седница на парламентот посветена на истрагите на обвинителството.
Од Партијата на слободата најавија дека ќе поднесат иницијатива за недоверба во парламентот доколку Курц дотогаш не поднесе оставка од функцијата канцелар. На опозицијата ѝ треба поддршка од Зелените за рушење на владата, бидејќи тие имаат само 85 гласа, додека за гласање недоверба се потребни најмалку 183. Деловникот за работа на Собранието пропишува дека вонредна седница мора да се одржи во рок од осум дена од приемот на барањето. Партијата на зелените сега ја има целата моќ, која може да значи одлука што ќе го собори Себастијан Курц по вторпат или ќе се обезбеди негово останување на власт, пишува „Нова“.