Во коментарот, швајцарскиот дневен весник проценува дека односите меѓу ЕУ и шесте земји од Западен Балкан станале длабоко неискрени и дека главната вина за тоа лежи во Унијата, чии членови и Комисијата упорно се држат до празната реторика за „европска перспектива и „заеднички вредности“ иако со години е јасно дека нема да има проширување на ЕУ на Балканот
На Европската унија ѝ е потребна нова опција за Западен Балкан, а претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Словенија е можност да се откаже од фикцијата за проширување и да се најдат нови начини за приближување кон регионот, пишува швајцарскиот весник Ноје Цирихер Цајтунг (НЗЗ).
Во коментарот, весникот проценува дека односите меѓу ЕУ и шесте земји од Западен Балкан станале длабоко неискрени и дека главната вина за тоа лежи во Унијата, чии членови и Комисијата упорно се држат до празната реторика за „европска перспектива и „заеднички вредности“ иако со години е јасно дека нема да има проширување на ЕУ на Балканот.
Економистите веќе долго време сугерираат регионот да биде поврзан со ЕУ и да му се даде пристап до буџетот на Унијата, потсетува швајцарскиот весник, прецизирајќи дека таков предлог последен пат беше формулиран во опсежна студија на Виенскиот институт за меѓународни економски студии и Фондацијата Бертелсман.
Швајцарскиот весник проценува дека ЕУ, со Европска економска област (ЕЕА) и пристап до единствениот европски пазар, веќе има модел што може да го понуди на балканската шесторка, го пренесува Данас пишувањето на порталот Еурактив Србија.
Пристапот би бил условен со радикални реформи, но таа пречка е непремостлива, за разлика од онаа со која се соочува членството во ЕУ, пишува швајцарскиот весник во коментарот, додавајќи дека „приказната за европската перспектива на тој начин би ја вратила својата содржина“.
„Но, за да биде можно тоа, неопходно е да се откажеме од фикцијата за полноправно членство. И се чини дека постои страв од тој момент на вистината (што секој го знае). Можеби и затоа што Брисел и земјите -членки се плашат дека тогаш нема да имаат влијание врз регионот“,
пишува Ноје Цурхер Цајтунг.
Европската унија, се вели натаму во коментарот, може да биде фактор на моќ само ако има веродостојни стимулации и можности за санкции, со кои може да влијае врз однесувањето на земјите-партнери.
„Ова би имало смисла и со тоа што Србија, најважната земја во регионот, отворено ѝ се нуди на Кина. Белград има корист од кинеската поддршка, а за возврат изигрува предградие на Пекинг на границите на ЕУ“,
пишува весникот.
Сепак, сите индикации покажуваат дека третиот самит ЕУ-Западен Балкан, организиран од Словенија како претседател на ЕУ на 6 октомври, „ќе помине во духот на ‘да продолжиме понатаму’“, пишува весникот, потсетувајќи дека ЕУ веќе објави инвестициски план од девет милијарди евра за зајакнување на економијата.и транспортната инфраструктура на регионот и привлекување странски инвестиции.
„Ова ќе постигне нешто, но нема да предизвика промена во трендот. Исто како ни стратегијата на Брисел и Берлин да се поттикнат растот преку регионална економска соработка и во исто време да се решат билатералните проблеми меѓу државите наследнички на поранешна Југославија“,
пишува швајцарскиот дневен весник.
„Се разбира дека има смисла соседните земји да ги отстранат сите пречки што го попречуваат заедничкиот пазар што е можно поскоро и што е можно побрзо. Но, тоа нема да создаде богат регион од шест сиромашни земји“,
заклучува швајцарските дневен весник Ноје Цирихер Цајтунг во коментарот.
