Тројцата лауреати ја делат овогодишната Нобелова награда за физика за нивните студии за хаотични и случајни феномени
Научниците Сиукуро Манабе, Клаус Хаселман и Џорџо Париси ја добија Нобеловата награда за физика во 2021 година за нивниот „револуционерен придонес во разбирањето на сложените физички системи“, објави во денеска шведската Кралска академија на науките.
„Сложените системи се карактеризираат со случајност и нарушување и тешко се разбираат. Оваа година Нобеловата награда ги признава новите методи со кои тие се опишани и со кои го предвидуваат нивното долгорочно однесување“,
се вели во соопштението на Шведската академија на науките.
Манабе (90) е американски државјанин, Париз е Италијанец, а Хаселман е Германец.
Наградата за физика е второто признание годинава. Вчера им беше доделена Нобеловата награда за медицина/физиологија на двајца Американци, Дејвид Џулиус и Ардем Патапутиан, за нивното откритие како се активираат нервните импулси за температура и допир.
И оваа година нема да има свеченост во Стокхолм поради ковид-19, а лауреатите ќе добијат медали и дипломи во своите матични земји.
Престижната награда е вредна десет милиони шведски круни, што е нешто помалку од милион евра.
Името на добитникот на наградата за хемија ќе биде објавено утре, в четврток за литература и в петок за мир, единствената награда што ќе биде доделена во Осло.
Наградата за економија ќе биде објавена в понеделник, со што ќе заврши годинашниот циклус.
